Со овој статут се уредуваат називот, седиштето, правната положба, застапувањето, дејноста, работата, организацијата, раководењето, управувањето, финансирањето, информирањето и обезбедувањето јавност во работата и други прашања кои се утврдени со Законот за културата и во друг закон, а кои се од значење за работењето на Национална установа „Центар за култура „Десет Дена Крушевска Република” – Крушево.
Министерот за култура и туризам дава согласност на статутот од став (1) на овој член.
