Систематизација

21
Систематизирани извршители
3
Организациони единици
5
Нивоа на квалификации
Врз основа на член 17 став (7) од Законот за вработените во јавниот сектор и член 28 став 2 точка 5 од Законот за култура, директорот на Националната установа „Центар за култура „Десет Дена Крушевска Република” – Крушево донесе овој Правилник.

Глава I

Основни одредби

Член 1

Со овој правилник се утврдува вкупниот број на вработени (административни службеници, даватели на јавни услуги и помошно-технички лица) во Националната установа Центар за култура „Десет Дена Крушевска Република” – Крушево, распоредот, шифрите, називите и описот на работните места по организациони единици и посебните услови потребни за извршување на работите и задачите.

Член 2

Работите и задачите се определуваат согласно нивната сродност, меѓусебна поврзаност, видот, обемот и степенот на сложеноста, одговорноста и другите услови за нивното извршување.

Член 3

Работите и задачите утврдени со овој правилник претставуваат основа за вработување и распоредување на вработените во центарот за култура.

Член 4

Табеларниот преглед (работна карта) на работните места е даден во прилог и е составен дел на овој правилник.

Глава II

Распоред и опис на работните места

Член 5

Во овој правилник се утврдени вкупно 21 систематизирани извршители, распоредени по организациони единици согласно Правилникот за внатрешна организација.

Член 6
Административни службеници
Ниво В1
Советник – 2 извршители
Ниво В3
Соработник – 2 извршители
Ниво Г1
Самостоен референт – 1 извршител
Даватели на услуги
Ниво Г1
Програмски раководител – 1 извршител
Ниво Б2
Друг уметнички соработник асистент – 1 извршител
Ниво Г3
Соработник за фолклорна и сценско-уметничка дејност / Друг соработник во културата – 2 извршители
Ниво Г2
Стручен соработник за драмска дејност, за сценско-уметничка дејност, друг стручен соработник – 3 извршители
Ниво Д3
Водич – 1 извршител
Помошно-технички лица
Ниво А1
Електричар, друг работник за сценско-визуелни ефекти, возач – 3 извршители
Ниво А2
Друг одговорен сценски работник – 1 извршител
Ниво А3
Друг сценски работник – 1 извршител
Ниво Б1
Билетопродавач – 1 извршител
Ниво Б3
Хигиеничар – 1 извршител

Глава II · Посебни услови

Услови за работните места

Член 7 — Категорија Б (раководни административни службеници)

Стручни квалификации: Ниво VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен; активно познавање на компјутерски програми; познавање на еден од трите јазици на ЕУ; положен испит за административно управување.

Работно искуство: Ниво Б2 – најмалку 5 години (2 години на раководно место во јавниот сектор); Ниво Б3/Б4 – најмалку 4 години (1 година во јавниот сектор).

Потребни општи работни компетенции – напредно ниво
  • Решавање проблеми и одлучување
  • Учење и развој
  • Комуникација
  • Остварување резултати
  • Работење со други / тимска работа
  • Стратешка свест
  • Ориентираност кон странките
  • Раководење
  • Финансиско управување
Член 8 — Категорија В (стручни административни службеници)

Стручни квалификации: Ниво В1 – VI А / 240 ЕКТС или VII/1 степен; Ниво В2-В4 – VI Б / 180 ЕКТС или VII/1 степен; активно познавање на компјутерски програми.

Работно искуство: В1 – 3 години; В2 – 2 години; В4 – со или без искуство; познавање на еден јазик на ЕУ.

Член 9 — Категорија А (даватели на услуги во култура)

Ниво на образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен или средно училиште. Нивоа А1/А2 – 5 години искуство; А3 – 3 години; А4 – 2 години; А5/А6 – до 1 година.

Член 10 — Категорија Г (даватели на услуги во култура)

Ниво на образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен или средно образование. Нивоа Г1/Г2 – 5 години искуство; Г3 – до 1 година.

Член 11 — Помошно-технички лица

А1/А2 – средно четиригодишно или тригодишно образование; Б1/Б2 – средно четиригодишно или тригодишно образование; А3, Б3, В1 – основно образование.

Глава III · Табеларен приказ

Работни места – Административна служба

Советник за административно-правни, општи работи и човечки ресурси
Ниво В1
1 извршител
КУЛ 01 02 В01 002
Образование
Општествени науки – право
Работни цели
Стручно, ефикасно и самостојно извршување на административни и правни работи
Одговара пред
Директор
Работни задачи и обврски
  • Самостојно врши најсложени стручно-административни, нормативно-правни и други работи
  • Организира и учествува во процесот на оценување на административните службеници
  • Подготвува решенија, авторски договори, договори на дело и други видови договори
  • Ги подготвува општите и поединечните акти и материјалите за седниците на Управниот одбор
  • Врши правни работи во врска со засновањето, мирувањето и престанокот на работниот однос
  • Дава правни мислења; учествува во изготвување акти за систематизација и внатрешна организација
  • Самостојно врши работи поврзани со човечки ресурси

Советник за маркетинг и односи со јавност
Ниво В1
1 извршител
КУЛ 01 02 В01 009
Образование
Општествени науки – политички науки
Одговара пред
Директор
Работни задачи и обврски
  • Организира, координира и раководи со маркетингот согласно програмата за работа
  • Предлага програма за маркетинг и поднесува извештај за реализација
  • Постапува по барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер
  • Учествува во претставувањето на центарот во меѓународни и европски организации
  • Организира и координира меѓународна, регионална и билатерална соработка во областа на културата
  • Ја организира и координира соработката со медиумите

Соработник сметководител
Ниво В3
1 извршител
КУЛ 01 02 В03 007
Образование
Општествени науки – економија и бизнис
Работни цели
Комплетирање и контрола на сметководствени документи, контирање и книжење, спроведување на годишна завршна сметка
Одговара пред
Директор
Работни задачи и обврски
  • Се грижи за правилност, точност и ажурност на сметководствените работи
  • Врши уплата и исплата на вирмански налози за сите сметки
  • Изготвува квартални и годишни финансиски планови, фактури и финансиски извештаи
  • Врши правилно контирање и книжење на сите сметководствени документи
  • Изготвува завршна сметка

Соработник технички секретар
Ниво В3
1 извршител
КУЛ 01 02 В03 005
Образование
Високо
Одговара пред
Директор
Работни задачи
  • Врши технички подготовки за состаноците и административни работи за директорот
  • Прием на странки и организирање состаноци на директорот
  • Врши примање и евидентирање на материјали; контакти со членовите на Управниот одбор

Самостоен референт за административни работи
Ниво Г1
1 извршител
КУЛ 01 02 Г01 001
Образование
Виша / средно
Одговара пред
Директор
Работни задачи
  • Поддршка на административните работи во центарот за култура
  • Врши работи од областа на архивско работење – собирање, средување и обработка на материјал
  • Помага во работи поврзани со човечките ресурси (евиденција, пријави/одјави)
  • Прима и испраќа документи; врши технички работи при подготовка на состаноци

Глава III · Табеларен приказ

Работни места – Стручна служба (Даватели на услуги)

Програмски раководител
Ниво Г1
1 извршител
КУЛ 03 04 Г01 002
Образование
Средно уметничко/музичко или Високо – Хуманистички науки (уметности, музика)
Одговара пред
Директор
Работни задачи и обврски
  • Раководи и ги реализира поставените цели; распределува и координира работни задачи
  • Предлага годишна програма за работа со уметничка концепција
  • Предлага годишен репертоар за сценско-музичка, фолклорна и издавачка дејност
  • Дава согласност за изведба и јавно прикажување на сценско-уметнички дела
  • Се грижи за естетскиот и уметнички изглед на рекламно-пропагандниот материјал
  • Предлага месечна програма; ги спроведува одлуките на директорот
Друг уметнички соработник – асистент
Ниво Б2
1 извршител
КУЛ 03 04 Б02 011
Образование
Хуманистички науки – уметности (уметност, изведувачки уметности, музика)
Одговара пред
Директор
Работни задачи и обврски
  • Предлага уметничка програма и учествува во подготовка на годишната програма
  • Контактира со уметници со цел реализација на програмата
  • Врши стручна подготовка и обработка на апликации, програми и документација
  • Учествува во дефинирање на годишниот репертоар за сценско-уметничка дејност
Стручен соработник за драмска дејност
Ниво Г2
1 извршител
КУЛ 03 04 Г02 003
Образование
Средно уметничко (драмска насока) или Високо – уметности, изведувачки уметности
Одговара пред
Директор
Работни задачи и обврски
  • Изготвува стручни проект-елаборати за апликација во културни проекти
  • Предлага неделен и месечен репертоар во договор со раководителот
  • Пласира постпродукциски сите премиерно изведени претстави
  • Изготвува поединечни и месечни извештаи за претставите и бројот на посетители
  • Соработува со образовни институции, здруженија и невладини организации
  • Се грижи за рекламирање на претставите во сите медиуми
Стручен соработник за сценско-музичка дејност
Ниво Г2
1 извршител
КУЛ 0304 Г02 001
Образование
Средно музичко или Високо – уметности, изведувачки уметности, музика
Одговара пред
Директор
Работни задачи и обврски
  • Следење на пробите и работа со актерите; водење музички проби
  • Врши функција на модератор помеѓу режисерот, екипата и композиторот
  • Изработка на аранжмани и музичка илустрација за потребите на претставите
  • Студиско снимање на вокали или инструменти; изведба на музика во живо
  • Работа со екипата на вокална техника; соработка со ансамбли и музичари
Друг стручен соработник
Ниво Г2
1 извршител
КУЛ 03 04 Г02 012
Образование
Средно гимназија/музичко/уметничко или Високо – уметности
Одговара пред
Директор
Работни задачи и обврски
  • Изготвува проектна документација за апликација во културни проекти
  • Предлага неделен и месечен репертоар; изготвува извештаи за претставите
  • Соработува со институции, образовни установи, здруженија и медиуми
  • Се грижи за навремено известување и договарање на термини за соработниците
Соработник за фолклорна и сценско-уметничка дејност
Ниво Г3
1 извршител
КУЛ 0304 Г03 006
Образование
Средно гимназија/уметничко или Високо – уметности, изведувачки уметности
Одговара пред
Директор
Работни задачи и обврски
  • Изготвува проект-елаборати за апликација во национални и локални културни проекти
  • Создава услови за унапредување на фолклорот, традициите и другите облици на културно живеење
  • Учествува во организација на нови програмски активности поврзани со традиции и творештво
  • Изготвува и спроведува годишни, месечни и дневни планови и извештаи
Друг соработник во културата
Ниво Г3
1 извршител
КУЛ 03 04 Г03 015
Образование
Средно музичко/уметничко или Високо – уметности
Одговара пред
Директор
Работни задачи и обврски
  • Изготвува проектна документација за апликација во културни проекти
  • Предлага неделен и месечен репертоар; изготвува поединечни и периодични извештаи
  • Соработува со институции, образовни установи и медиуми
Водич
Ниво Д3
1 извршител
КУЛ 03 04 Д03 007
Образование
Средно гимназија или Високо – уметности, историја на уметност
Одговара пред
Директор
Работни задачи и обврски
  • Прима и води посетители при поединечни и групни посети
  • Ги популаризира и презентира постојаните и повремените поставки
  • Соработува со воспитно-образовни институции, хотели и туристички агенции
  • Води евиденција за бројот на посетители; врши пропаганда преку медиуми и социјални мрежи

Глава III · Табеларен приказ

Работни места – Помошно-технички лица

Друг одговорен сценски работник
Ниво А2
1 извршител
КУЛ 0401 А02 007
Образование
Средно
Работни задачи
  • Врши работи од поедноставен карактер; помага на сценските работници
  • По налог на мајстор на сцена, ја уредува сцената за квалитетно подготвување на проекти
  • Учествува во местењето и разместувањето на декорот за проби и претстави
Друг сценски работник
Ниво А3
1 извршител
КУЛ 0401 А03 007
Образование
Средно
Работни задачи
  • Помага на сценските работници; се грижи за хигиената на сцената и објектот
  • Помага во уредување на сцената за подготвување на проекти и манифестации
  • Учествува во местење/разместување на декорот за проби и претстави
Билетопродавач
Ниво Б1
1 извршител
КУЛ 04 01 Б01 002
Образование
Средно образование
Работни задачи
  • Врши продажба на влезни билети, разгледници, водичи и пропаганден материјал
  • Согласно законските прописи врши уплата на парични средства од дневниот промет
  • Изработува дневен извештај за продадените билети и бројот на посетители
  • За работата поднесува месечен и годишен извештај
Хигиеничар
Ниво Б3
1 извршител
КУЛ 04 01 Б03 001
Образование
Основно образование
Работни задачи
  • Ја одржува хигиената во работните простории, санитарните јазли и помошните простории
  • Ја одржува хигиената во дворното место и надворешното опкружување
  • Се грижи за рационално користење на потрошниот материјал
  • Го известува директорот при оштетување или дефект на инвентарот
Електричар
Ниво А1
1 извршител
КУЛ 0401 А01 001
Образование
Средно стручно – електротехничко
Работни задачи
  • Врши контрола на целокупната електрична инсталација во Установата
  • Врши помали интервенции и замена на светлосни тела и помошни предмети
  • Предлага замена или реновирање на делови од електричната инсталација
  • Се грижи за правилно функционирање на инсталацијата, опремата и алатите на сцена
Друг работник за сценско-визуелни ефекти
Ниво А1
1 извршител
КУЛ 04 05 А01 009
Образование
Средно стручно – електротехничко, информатика, машинско
Работни задачи
  • Подготовка и поставување на опрема за визуелни ефекти
  • Проверка на функционалноста и безбедноста на сценската и визуелната опрема
  • Следење на сценариото и распоредот на визуелни ефекти во текот на пробите
  • Решавање на технички проблеми поврзани со ефектите; водење евиденција за дефекти
Возач
Ниво А1
1 извршител
КУЛ 04 03 А01 001
Образование
Средно гимназиско или средно стручно (автотехничарска струка); возачка дозвола Б категорија
Работни задачи
  • Ги превезува вработените при службени обврски и службени патувања
  • Одговорен е за исправноста на службените возила; го известува директорот за дефекти
  • Уредно води книга за службени патувања
  • Врши достава и набавка на предмети поврзани со работењето на Установата
Друг општ работник
Ниво В1
1 извршител
КУЛ 04 05 В01 008
Образование
Средно
Работни задачи
  • Одржување на изложбени сали, канцеларии и јавни површини
  • Помош при поставување или отстранување на изложбени елементи
  • Пренос на материјали, мебел и експонати
  • Контрола на влезни/излезни точки при изложби или настани
  • Надгледување дали посетителите ги почитуваат правилата при посета

Глава IV

Преодни и завршни одредби

Член 12

Овој Правилник може да се измени и дополни на начин и постапка како и при неговото донесување.

Член 13

Овој Правилник влегува во сила со денот на донесувањето и објавувањето на огласна табла во центарот за култура, а ќе се применува по добиената писмена согласност од Министерство за јавна администрација.

 
ВД Директор
м-р Захарија Ангелеска