Општи одредби
Со овој правилник се утврдува внатрешна организација на Националната установа „Центар за култура „Десет Дена Крушевска Republika” – Крушево (во натамошниот текст: НУ ЦК „Десет Дена Крушевска Република”-Крушево), видот и бројот на организациските единици и нивниот делокруг на работа и графичкиот приказ на внатрешната организација (органограм).
Внатрешната организација на НУ ЦК „Десет Дена Крушевска Република”-Крушево е уредена согласно надлежностите утврдени со Законот за културата и други прописи.
Работите и задачите се групираат според видот, обемот, степенот на сложеност, нивната меѓусебна поврзаност и другите карактеристики на работите и задачите, видот и степенот на стручната подготовка и другите услови потребни за нивното извршување.
Со внатрешната организација се обезбедува законито, стручно, ефикасно и економично вршење на работите и задачите утврдени со закон, насоченост кон корисниците на услугите, независност и одговорност при вршењето на службените задачи, еднообразност и хиерархиска поставеност на организационите единици, делегирање на овластување и меѓусебната координација.
Вид и број на организациони единици
Со цел ефикасно, оптимално и стручно да се реализираат функциите и задачите на НУ ЦК „Десет Дена Крушевска Република”-Крушево, се уредува организацијата на работата со формирање на одделенија за административно работење и стручна служба – даватели на услуги.
Делокруг на организационите единици
1. Административна служба
- Следење и примена на законите и другите прописи и општи акти во врска со системот на државната и јавната служба и другите правни прашања
- Подготвување на планови и извештаи и водење грижа за реализација на административно-техничките работи
- Подготвување на мислења и анализи и давање иницијативи за прашања од делокругот
- Подготовка на општи и поединечни акти на установата и материјали за седниците на Управниот одбор
- Подготвување на изведувачки и авторски договори, договори за дело и други видови договори
- Водење на матична книга и персонални досиеа на вработените
- Изготвување на одлуки, решенија, договори, потврди по разни основи од сферата на работните односи
- Изготвување на финансиски план за извршување на буџетот (месечен, квартален и годишен)
- Сметководствено и финансиско работење
- Следење и примена на законите и подзаконските акти од областа на финансиското и сметководствено работење
- Управување, следење и контрола на состојбата и движењето на средствата
- Подготовка на годишните сметки и годишните финансиски извештаи
- Организирање и следење на проблематиката поврзана со платите и другите надоместоци
- Следење и контрола на благајничкото работење и пописот на средствата
- Евидентирање на финансиската документација (влезни и излезни фактури)
- Подготовка на завршни сметки и финансиски извештаи
- Организација и координација на маркетингот согласно програмата за работа
2. Стручна служба – Даватели на услуги
- Организирање на музички, балетски, драмски, литературни, ликовни, фолклорни приредби
- Прикажување на филмски дела
- Вршење музичка и сценско-уметничка дејност
- Подготување на јавно изведување на музички, драмски, оперски, балетски, танцови и фолклорни претстави во живо
- Подготување народни песни и игри од фолклорот
- Културно-уметнички активности
- Концерти и други видови на сценска уметност
- Подготување и јавно изложување на ликовни фотографски дела и дела од применета уметност
3. Помошно-технички лица
Помошно-техничките лица извршуваат работи на одржување на хигиената, електричните инсталации, технички работи како поддршка на извршување на активностите на установата, вршење превоза за потребите на Националната установа, како и работи на обезбедување на објектот на установата.
Органограм на НУ ЦК
Работни задачи и одговорности
Работните задачи и обврски на вработените се утврдуваат со Правилникот за систематизација на работните места.
Секој вработен е должен работите и задачите да ги извршува одговорно, совесно, целосно, квалитетно и навремено.
Секој вработен е лично одговорен за последиците што ќе настанат поради неизвршување или нецелосно, несовесно и неодговорно извршување на работите и работните задачи, согласно со општите акти на НУ ЦК и законските прописи.
Составен дел од Правилникот за внатрешната организациона поставеност е графичкиот приказ на внатрешната организација на институцијата (органограм).
Преодни и завршни одредби
Постапката за изменување и дополнување на правилникот е иста како и при донесувањето.
Овој правилник влегува во сила со денот на добивањето согласност од Министерството за јавна администрација и негово усвојување од страна на Управниот одбор на НУ ЦК „Десет Дена Крушевска Република”-Крушево.
