Author Archive Dragan Jankoski

Програма на „Десет дена Крушевска Република“ 2026

Крушево е подготвено за традиционалната манифестација „Десет дена Крушевска Република“ 2026, која за време на Илинден ќе го претвори градот во центар на културата, историјата, музиката и традицијата. Подготвивме извонредно богата програма наменета за сите генерации — од традиционални илинденски чествувања, преку сценско-музички спектакли, театарски работилници до концерти на популарни македонски естрадни уметници и рок состави.

Ви ја пренесуваме комплетната програма:

1 Август – Свечено отворање

  • 10:00 ч. – Полагање цвеќе на гробот на Дамјан Груев.
  • 10:15 ч. – Посета на спомен-куќата на Смилевскиот Конгрес и споменикот на Дамјан Груев.
  • 18:00 – 18:15 ч.Доаѓање на коњаницата пред столбот на Крушевската Република и формирање на поворка.
  • 18:30 – 19:15 ч.Полагање цвеќе: гробот на Питу Гули, гробот на Тоше Проески, пред споменикот на партизанските гробишта, криптата на илинденските востаници и бистата на Веле Марков.
  • 19:30 ч.Илинденското востание во архивската меморија“ – изложба на Државен архив (Локација: споменик Илинден).
  • 20:00 – 21:30 ч.Церемонијално отворање на Манифестацијата:
    • Интонирање на химната од баритонот Иван Наумовски.
    • Обраќање на градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески.
    • Читање на Крушевскиот Манифест во изведба на Игор Трпчески.
    • Модератор: Рубенс Муратовски.
  • 20:45 ч. – Пукање со црешово топче и огномет.
  • 21:00 – 21:15 ч. – Настап на Ансамбл „Никола Јонков Вапцаров“ – Горно Лисиче, Скопје.
  • 21:15 – 22:15 ч. – Концерт на Чалгии мерак (Локација: Плато на Гумење).
  • 22:45 – 01:00 ч. – Концерт на SUPERHIKS (Локација: Градски парк).
  • 00:00 ч. – Импровизиран напад на градот.

2 Август – Во чест на Крушевската Република

  • 09:30 – 10:00 ч. – Полагање свежо цвеќе на гробот на Никола Карев – Македониум
  • 10:00 – 10:30 ч. – Полагање свежо цвеќе на Споменикот на хероите на месноста „Слива“.
  • 11:00 ч.Панихида во Храмот „Свети Никола“.
  • 12:00 ч.Голем народен собир на Мечкин Камен.

– Церемонија на положување свежо цвеќе на Споменикот на бранителите на Крушевската Република

– Интонирање на химната

– Поздравно обраќање до присутните гости

– Обраќање на потпретседателот на Собранието, г-дин Антонијо Милошоски

– Настап на ансамбл „Танец“

  • 20:15 ч.„Патот на Илинденците“ – видео промоција на патриотски песни (Битолска коњаница „Галоп“ и „Уникат Бенд“).
  • 21:00 ч. – Концерт на Ансамбл „Македониум“ – Здружение на граѓани од македонска националност од Белград, Србија. (Локација: Летна сцена).

3 Август – Илинден-Крушево (1903-1928)

  • 19:00 ч. – Промоција на албум со фотографии од илинденскиот период и промоција на Зборникот „Крушевски манифест“.
  • 20:15 ч.Вечер на староградска македонска песна: Настапуваат КУД „Пензионер“ Прилеп и Здружение на пензионери Крушево (Локација: Летна сцена).

4 Август – Манифестација посветена на влашката култура

  • 19:00 ч.„Контраст“ – Изложба на фотографии на Атанас Нашоку – Саку (Локација: Спомен-куќа „Тодор Проески“).
  • 20:15 ч. – Настап на пејачката група „Горди Власи“ и „Грамоштјан“ (Локација: Летна сцена).

5 Август – Наука, театар и монодрама

  • 11:00 ч.Научна трибина во организација на Институтот за национална историја (Горна училишна зграда).
  • 10:00 – 12:00 ч. – Едукативно-креативни работилници за деца со атипичен развој (со Мировен корпус) (Крушевско езеро).
  • 16:00 – 19:00 ч. – Театарски работилници со проф. д-р Патричиа Катона (Романија) и Билјана Крајчевска (Горна училишна зграда).
  • 21:00 ч. – Монодрама „Срам“ во режија и изведба на Ангела Стојановска (Локација: Летна сцена).

6 Август – Детски активности, уметност и авангарда

  • 10:00 – 13:30 ч.Летна школа „Илинденка“ (детски работилници и театар). (Горна училишна зграда).
  • 19:30 ч.„Крај на Патувањето, почеток на фантазиите“ – изложба на Тома Димовски (Горна училишна зграда).
  • 21:00 ч. – Целовечерен концерт на групата Foltin (Локација: Летна сцена).

7 Август – Театар и ретро вечер

  • 10:00 – 13:00 ч. – Летна школа „Илинденка“. (Горна училишна зграда).
  • 19:30 ч. – Претстава „Супер Вселенко и роденденската торта“ – Театар за тебе, Скопје. (Летна сцена).
  • 21:45 – 23:15 ч.Саут Парк (Локација: Градски парк).
  • 23:30 – 01:00 ч.Ретро Кабаре (Локација: Градски парк).

8 Август – Ден на унгарската култура, детски музички фестивал и модерен хип-хоп

  • 10:00 – 13:00 ч. – Летна школа „Илинденка“ и Мини диско со ДЈ. (Горна училишна зграда).
  • 16:00 ч.Изложба: 70 години од задушувањето на Револуцијата во Унгарија во 1956 година (Дом на култура).
  • 16:45 ч. – Полагање венци на Спомен плочата во сеќавање на унгарските бегалци (Локација: Плоштад „Никола Мартиноски“.)
  • 17:00 ч. – Концерт на сакрална музика на хорот „Concentus Novus“ од Унгарија. (Локација: Храм „Свети Никола“.)
  • 18:00 ч. – Концерт на светска музика на хорот „Concentus Novus“ од Унгарија. (Локација: Плоштад „Никола Мартиноски“.)
  • 19:00 ч. – Детски фестивал Поточиња (Локација: Градски парк).
  • 20:00 – 21:00 ч. – Настап на народниот оркестар „Рожафа“ и фолклорен ансамбл „Коња“ од Војводина.
  • 22:00 – 23:15 ч. – Концерт на Пајак (Локација: Градски парк).

9 Август – Духовност, хумор и театар

  • 17:00 ч. Литија во слава и чест на Св. Климент Охридски (Храм Св. Никола).
  • 18:30 – 19:20 ч. „Афоризми со…“ Сашо Бетоски, Љупка Цветaнова и Марјан Анѓеловски (Спомен-куќа „Тодор Проески“).
  • 19:45 ч. „Република во фантазија“ – театарски перформанс од летната школа „Илинденка“.

10 Август – Свечено затворање

  • 20:00 ч.„Илинденски час“ – Квиз по историја (Модератор: Михајло Миленкоски, настап на КУД „Н.Н. Борче“).
  • Елегии за тебе – Рецитал во изведба на Димитрина Мицкоска-Трајкоска.
  • 21:15 ч.Церемонија на спуштање на бајракот, почесна стрелба и официјално затворање на Манифестацијата (Локација: Плато Гумење).

Покровител: Министерство за култура и туризам,

Организатори: Национална установа Центар за култура „Десет Дена Крушевска Република“ и Општина Крушево.

Дизајн на плакат: Давид Папаниколау

Ве очекуваме во Републиката!