Програма на „Десет дена Крушевска Република“ 2026

Крушево е подготвено за традиционалната манифестација „Десет дена Крушевска Република“ 2026, која за време на Илинден ќе го претвори градот во центар на културата, историјата, музиката и традицијата. Подготвивме извонредно богата програма наменета за сите генерации — од традиционални илинденски чествувања, преку сценско-музички спектакли, театарски работилници до концерти на популарни македонски естрадни уметници и рок состави.
Ви ја пренесуваме комплетната програма:
1 Август – Свечено отворање
- 10:00 ч. – Полагање цвеќе на гробот на Дамјан Груев.
- 10:15 ч. – Посета на спомен-куќата на Смилевскиот Конгрес и споменикот на Дамјан Груев.
- 18:00 – 18:15 ч. – Доаѓање на коњаницата пред столбот на Крушевската Република и формирање на поворка.
- 18:30 – 19:15 ч. – Полагање цвеќе: гробот на Питу Гули, гробот на Тоше Проески, пред споменикот на партизанските гробишта, криптата на илинденските востаници и бистата на Веле Марков.
- 19:30 ч. – „Илинденското востание во архивската меморија“ – изложба на Државен архив (Локација: споменик Илинден).
- 20:00 – 21:30 ч. – Церемонијално отворање на Манифестацијата:
- Интонирање на химната од баритонот Иван Наумовски.
- Обраќање на градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески.
- Читање на Крушевскиот Манифест во изведба на Игор Трпчески.
- Модератор: Рубенс Муратовски.
- 20:45 ч. – Пукање со црешово топче и огномет.
- 21:00 – 21:15 ч. – Настап на Ансамбл „Никола Јонков Вапцаров“ – Горно Лисиче, Скопје.
- 21:15 – 22:15 ч. – Концерт на Чалгии мерак (Локација: Плато на Гумење).
- 22:45 – 01:00 ч. – Концерт на SUPERHIKS (Локација: Градски парк).
- 00:00 ч. – Импровизиран напад на градот.

2 Август – Во чест на Крушевската Република
- 09:30 – 10:00 ч. – Полагање свежо цвеќе на гробот на Никола Карев – Македониум
- 10:00 – 10:30 ч. – Полагање свежо цвеќе на Споменикот на хероите на месноста „Слива“.
- 11:00 ч. – Панихида во Храмот „Свети Никола“.
- 12:00 ч. – Голем народен собир на Мечкин Камен.
– Церемонија на положување свежо цвеќе на Споменикот на бранителите на Крушевската Република
– Интонирање на химната
– Поздравно обраќање до присутните гости
– Обраќање на потпретседателот на Собранието, г-дин Антонијо Милошоски
– Настап на ансамбл „Танец“
- 20:15 ч. – „Патот на Илинденците“ – видео промоција на патриотски песни (Битолска коњаница „Галоп“ и „Уникат Бенд“).
- 21:00 ч. – Концерт на Ансамбл „Македониум“ – Здружение на граѓани од македонска националност од Белград, Србија. (Локација: Летна сцена).
3 Август – Илинден-Крушево (1903-1928)
- 19:00 ч. – Промоција на албум со фотографии од илинденскиот период и промоција на Зборникот „Крушевски манифест“.
- 20:15 ч. – Вечер на староградска македонска песна: Настапуваат КУД „Пензионер“ Прилеп и Здружение на пензионери Крушево (Локација: Летна сцена).
4 Август – Манифестација посветена на влашката култура
- 19:00 ч. – „Контраст“ – Изложба на фотографии на Атанас Нашоку – Саку (Локација: Спомен-куќа „Тодор Проески“).
- 20:15 ч. – Настап на пејачката група „Горди Власи“ и „Грамоштјан“ (Локација: Летна сцена).
5 Август – Наука, театар и монодрама
- 11:00 ч. – Научна трибина во организација на Институтот за национална историја (Горна училишна зграда).
- 10:00 – 12:00 ч. – Едукативно-креативни работилници за деца со атипичен развој (со Мировен корпус) (Крушевско езеро).
- 16:00 – 19:00 ч. – Театарски работилници со проф. д-р Патричиа Катона (Романија) и Билјана Крајчевска (Горна училишна зграда).
- 21:00 ч. – Монодрама „Срам“ во режија и изведба на Ангела Стојановска (Локација: Летна сцена).
6 Август – Детски активности, уметност и авангарда
- 10:00 – 13:30 ч. – Летна школа „Илинденка“ (детски работилници и театар). (Горна училишна зграда).
- 19:30 ч. – „Крај на Патувањето, почеток на фантазиите“ – изложба на Тома Димовски (Горна училишна зграда).
- 21:00 ч. – Целовечерен концерт на групата Foltin (Локација: Летна сцена).
7 Август – Театар и ретро вечер
- 10:00 – 13:00 ч. – Летна школа „Илинденка“. (Горна училишна зграда).
- 19:30 ч. – Претстава „Супер Вселенко и роденденската торта“ – Театар за тебе, Скопје. (Летна сцена).
- 21:45 – 23:15 ч. – Саут Парк (Локација: Градски парк).
- 23:30 – 01:00 ч. – Ретро Кабаре (Локација: Градски парк).
8 Август – Ден на унгарската култура, детски музички фестивал и модерен хип-хоп
- 10:00 – 13:00 ч. – Летна школа „Илинденка“ и Мини диско со ДЈ. (Горна училишна зграда).
- 16:00 ч. – Изложба: 70 години од задушувањето на Револуцијата во Унгарија во 1956 година (Дом на култура).
- 16:45 ч. – Полагање венци на Спомен плочата во сеќавање на унгарските бегалци (Локација: Плоштад „Никола Мартиноски“.)
- 17:00 ч. – Концерт на сакрална музика на хорот „Concentus Novus“ од Унгарија. (Локација: Храм „Свети Никола“.)
- 18:00 ч. – Концерт на светска музика на хорот „Concentus Novus“ од Унгарија. (Локација: Плоштад „Никола Мартиноски“.)
- 19:00 ч. – Детски фестивал Поточиња (Локација: Градски парк).
- 20:00 – 21:00 ч. – Настап на народниот оркестар „Рожафа“ и фолклорен ансамбл „Коња“ од Војводина.
- 22:00 – 23:15 ч. – Концерт на Пајак (Локација: Градски парк).
9 Август – Духовност, хумор и театар
- 17:00 ч. – Литија во слава и чест на Св. Климент Охридски (Храм Св. Никола).
- 18:30 – 19:20 ч. – „Афоризми со…“ Сашо Бетоски, Љупка Цветaнова и Марјан Анѓеловски (Спомен-куќа „Тодор Проески“).
- 19:45 ч. – „Република во фантазија“ – театарски перформанс од летната школа „Илинденка“.
10 Август – Свечено затворање
- 20:00 ч. – „Илинденски час“ – Квиз по историја (Модератор: Михајло Миленкоски, настап на КУД „Н.Н. Борче“).
- Елегии за тебе – Рецитал во изведба на Димитрина Мицкоска-Трајкоска.
- 21:15 ч. – Церемонија на спуштање на бајракот, почесна стрелба и официјално затворање на Манифестацијата (Локација: Плато Гумење).
Покровител: Министерство за култура и туризам,
Организатори: Национална установа Центар за култура „Десет Дена Крушевска Република“ и Општина Крушево.
Дизајн на плакат: Давид Папаниколау
Ве очекуваме во Републиката!

